Локални избори 2021Политички партии

Алијанса за Албанците обвинува за негативна кампања од партиите на власт против опозицијата

Денеска, само два дена пред завршување на кампањата, партијите на власта во недостиг на успеси, во недостик на конкретни пројекти и во страв од пораз на избори, ја започнаа црната и негативната кампања против опозицијата.

Скопје, 13 октомври 2021

Денеска, само два дена пред завршување на кампањата, партијите на власта во недостиг на успеси, во недостик на конкретни пројекти и во страв од пораз на избори, ја започнаа црната и негативната кампања против опозицијата. Во Тетово, Гостивар, Чаир, Сарај и други општини се делеле памфлети со клевети , говор на омраза и меѓуетничка омраза. Случајот е пријавен во полиција и мисијата на ОБСЕ-ОДИХР и јавно бараме откривање на авторите на оваа пропаганда. Ваквите активности на хибридниот режим на СДСМ-ДУИ нема да ја спречи вољата на граѓаните за промени, но само ја демаскираат нивната лажна реторика за соживот, општество за сите и слични измами.

За тоа кој стои зад ваквите памфлети, го докажува најдобро самата содржина на истите, која е слична на изјавите на премиерот Заев и експонентите на ДУИ. Ги повикуваме симпатизерите на Алијансата за Албанците и Алтернатива, да не подлегнуваат на вакви провокации. Слични активности сме виделе и во неколку случаи во минатото и се типични за партиите во паника, во пресрет на изборен пораз.Познавајќи ги како функсионират, очекуваме со слични фабрикувања да продолжат и до последниот момент, но ги најавуваме дека нема да поминат несанксионирани, прво од граѓаните преку нивниот глас а потоа и со закон.

 
Флакрон Беџети, портпарол на АА

_________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Таг
Back to top button
Close
Close