Дописници МКДОпштински вести

Акција „Здравје за сите“ во кумановско Градиште

Жители на кумановското село Градиште денеска имаа можност бесплатно превентивно да се прегледаат во рамки на акцијата „Здравје за сите“ која денеска ја спроведе екипата на Здравствен дом во селото. Жителите на ова село случајно или веќе информирани за бесплатните прегледи утрово ги направија превентивните проверки, кои опфаќаа мерење крвен притисок, шеќер и холестерол во крвта, а во меѓувреме добија и совети од лекарите за понатамошно лекување.

Куманово, 23 јуни 2022 (МИА) – Жители на кумановското село Градиште денеска имаа можност бесплатно превентивно да се прегледаат во рамки на акцијата „Здравје за сите“ која денеска ја спроведе екипата на Здравствен дом во селото. Жителите на ова село случајно или веќе информирани за бесплатните прегледи утрово ги направија превентивните проверки, кои опфаќаа мерење крвен притисок, шеќер и холестерол во крвта, а во меѓувреме добија и совети од лекарите за понатамошно лекување.
-Има интерес за акцијата. Дел од граѓаните веќе имаат хронична терапија, им дадовме совети како да ја пијат терапијата, совети во однос на различните температурни разлики, покрај редовната терапија, да пијат и повеќе течности, а им беа дадени совети за одвикнување од пушење, инфорираа денеска од Здравствен дом Куманово.
Бесплатни прегледи на крвен притисок, шеќер и холестерол во крвта на отворен простор ќе се организираат и во наредниот период, најавија екипите од Здравствен дом од каде потсетија дека вакви акции се организирале и во руралните средини во општините Липково и Старо Нагоричане.ам/

Back to top button
Close
Close