Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Акција за чистење на Градскиот стадион во Делчево

Започна акцијата за чистење на Градскиот стадион во Делчево, информира Душко Петровски, тренер на младинскиот состав на Брегалница. Во акцијата денеска се вклучија комуналното претпријатие, вработени во локални институции и други помагатели.

Делчево, 28 септември 2022 (МИА) – Започна акцијата за чистење на Градскиот стадион во Делчево, информира Душко Петровски, тренер на младинскиот состав на Брегалница. Во акцијата денеска се вклучија комуналното претпријатие, вработени во локални институции и други помагатели.

– Акцијата започна уште сабајле во 8 часот. Благодарност до Брегал до сите фирми кои помогнаа, целта е да врати изгледот на Градскиот стадион од времето кога се натпреварувавме во Прва лига. За ден два мислиме дека ќе биде исчистено. Кој сака може да повели да ни помогне да исчистиме, бидејки тоа е за нас, за нашиот град и дечињата кои тренираат со цел да имаме поубав репрезентативен спортски комплекс, рече Петровски.

Поддршка во реализацијата на акцијата, додаде тој, има и од Советот и од градоначалникот на Општина Делчево.

– Треба помош од сите, бидејќи после неколку години и особено после пандемијата Брегалница продолжува со натпревари во Трета лига. Во недела играме со Победа Валандово. Се надевам акцијата ќе биде успешна и во недела ќе имаме едно поубаво издание на Градскиот стадион во Делчево, за што ги покануваме љубителите на фудбалот да дојдат и да видат што сме направиле, додаде Петровски.

Акцијата продолжува и утре до 18 часот, при што акцент на иницијативата ќе биде ставен на бојадисување на оградата и уредување на приодот и влезовите на Градскиот стадион во Делчево. вс/цр

 

 

Таг
Back to top button
Close
Close