Дописници МКДОпштински вестиХроникаХроника.Портал

Акциска контрола на возила кои вршат превоз на патници на подрачје на СВР Куманово

СВР Куманово денеска спроведе засилена акциска контрола на автобуси, возила кои вршат јавен превоз на патници на подрачјето на патиштата во североисточниот регион и за три часа утврди четири неправилности кај 18 контролирани возила, соопштија денеска од СВР Куманово.

Куманово, 1 декември 2021 (МИА) – СВР Куманово денеска спроведе засилена акциска контрола на автобуси, возила кои вршат јавен превоз на патници на подрачјето на патиштата во североисточниот регион и за три часа утврди четири неправилности кај 18 контролирани возила, соопштија денеска од СВР Куманово.

– Засилената акциска контрола е спроведена во периодот 08:00 до 11:00 часот на подрачјето на СВР Куманово за санкционирање на возила со кои се врши јавен превоз на патници и при тоа биле контролирани 18 возила, а биле утврдени четири неправилности кои соодветно се санкционирани. Од нив две за неисправни светлосно-сигнални уреди и две за недостатоци на опрема, информираа од СВР Куманово.

Оттаму најавија дека ќе продолжат контролите и ги повикаа учесниците во сообраќајот на доследно почитување на правилата и прописите за сигурни и безбедни патишта. ам/цр

Таг
Back to top button
Close
Close