Дописници МКДОпштински вести

Активности на Црвен крст-Тетово за пензионерите и учениците

Во изминатиов период од работната недела Општинска организација на Црвен крст Тетово организираше низа активности за младата популација и постарите лица.

Тетово, 22 октомври 2021 (МИА) – Во изминатиов период од работната недела Општинска организација на Црвен крст Тетово организираше низа активности за младата популација и постарите лица.

-За постарите лица односно пензионери во просториите на пензионерски дом, во соработка со нашиот партнер ПЗУ Медика Центре им се измери шеќер во крвта, се разговараше за нивните потреби и како да им се помогне преку нашите сервиси, информира Шкљќим Мурати, секретар во центарот.

Активносите за учениците биле од едукативно-превентивна природа.

-Се одржа предавање за трговија со луѓе каде што учествуваа млади лица како најранлива категорија а на кои им предаваа стручни лица од Центар за социјални работи и МВР за тоа кои се облиците на трговија со луѓе, препознавање целни групи итн. На учениците им беа доделени флаери како да ги зачуваме училиштата безбедни, да го спречиме ширењето на ковид 19 меѓу учениците, изјави Мурати.

Општинска организација на Црвен крст Тетово организира две акции за крводарување во текот на наредната недела. Во вторник е во касарната, а во петок во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“. ас/дма/

Таг
Back to top button
Close
Close