Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Активности за подобрување на комуналната хигиена во населбата Беровско Езеро

Во туристичката населба Беровско Езеро, во тек активности за подобрување на комуналната хигиена. За таа цел, како што информираа од Општината, поставени се мрежи на контејнерите на повеќе локации во туристичката населба и населените места.

Берово, 6 декември 2021 (МИА) – Во туристичката населба Беровско Езеро, во тек активности за подобрување на комуналната хигиена. За таа цел, како што информираа од Општината, поставени се мрежи на контејнерите на повеќе локации во туристичката населба и населените места.

-Во насока на подобрување на јавната чистота и заштита на животната средина,  Општина Берово, во соработка со ЈПКР „Услуга” постави мрежи на контејнерите на повеќе локации во населените места и туристичка населба Беровско Езеро. Мрежите се поставени со цел  да не се разнесува отпадот од страна на животни и за уредно одлагање на комуналниот отпад, истакнаа од Општината.
На овој начин, како што додадоа, ќе се влијае за правилното одлагање на отпадот, дополнувајки дека активноста е мошне важна во насока на подобра грижа за животната средина.
-Сите треба да имаме на ум дека со заштитата на животната средина се заштитуваме самите себе си и кога ќе ја достигнеме свеста, дека е неопходно да ја чуваме околината во која живееме, парковите, игралиштата, шумите, туристичките места, ќе сфатиме дека само така го зачувуваме сопственото здравје, додадоа надлежните.
За поставување на седум мрежи на контејнерите во наслените места во Берово и туристичка населба Беровско Езеро, од општинскиот Буџет ќе бидат потрошени 174 илјади денари. вс/вг/

Таг
Back to top button
Close
Close