Дописници МКДОпштински вести

Активности во рамки на 40-тото искачување на Титов Врв во организација на планинарскиот клуб „Љуботен“

Планинарскиот Клуб „Љуботен“ – Тетово денеска и утре го организира по 40-ти пат традиционалното искачување на Титов Врв вклучително и повеќе активности кои се дел од дводневната манифестација.

Тетово, 28 мај 2022 (МИА) – Планинарскиот Клуб „Љуботен“ – Тетово денеска и утре го организира по 40-ти пат традиционалното искачување на Титов Врв, вклучително и повеќе активности кои се дел од дводневната манифестација.

На Попова Шапка денеска од 14 часот се спроведе двочасовната акција за чистење смет во близина на хотелот „Попова Шапка“ и беше отворена изложба на фотографии во чест на Миодраг Николиќ-Панта, член на клубот кој почина годинава.

Искачувањето на Титов Врв ќе почне утре во 6:30 часот со тргнување на колоната од платото пред хотел „Попова Шапка“ кон врвот по „Вакуфска Патека“. Се очекува искачување на Титов Врв околу 11 часот и враќање кон Попова Шапка напладне.

-Искачувањето само по себе низ годините стана препознатлив планинарски бренд во државата. Со вакви настани, нашата земја гради традиција која трае и нè претставува пред меѓународната јавност, истакнувајќи ја грижата за здравјето и благосостојбата на населението, зачувувањето на природата и стремежот кон одржливо живеење и одржлив развој, изјави Јован Божиновски, претседател на ПК „Љуботен“.

Дел од активностите е и презентација на Националниот парк „Шар Планина“. Настанот е дел од кампањата „ЕУ за ТЕБЕ“ организирана од Канцеларијата на ЕУ во Скопје. ас/ки/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close