ЕвропаЕвропа.ПорталСвет.Слајдер

Активисти на Гринпис накратко го прекинаа говорот на Трас

Активистите на Гринпис денеска накратко го прекинаа говорот на британската премиерка Лиз Трас на Конгресот на Конзервативната партија во Бирмингем

Лондон, 5 октомври 2022 (МИА) – Активистите на Гринпис денеска накратко го прекинаа говорот на британската премиерка Лиз Трас на Конгресот на Конзервативната партија во Бирмингем.

Тие истакнаа транспарент на кој пишуваше „Кој гласаше за ова?“. Активистите за кратко време биле отстранети од салата.

Трас денеска вети дека Велика Британија ќе ги надмине тешките времиња и дека „сите ќе имаат корист“ од резултатите на нејзината економска политика.

– Во овие тешки моменти мораме да дејствуваме. Одлучна сум да ја придвижам Велика Британија напред, да се извлечеме од бурата, посочи Трас.

Таа вети дека ќе го заврши периодот на „високи даноци и низок раст“.

По инцидентот, Гринпис на Твитер објави дека активистите сакале да привлечат внимание на фактот дека премиерката не го исполнила ветувањето на ветувањата на Конзервативната партија од 2019 година.

Според активистите, премиерката се откажува од силна акција за климата и водечката улога во заштитата на животната средина во светот. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close