Општински вести

Аеродром добива нов урбан парк

Аеродромци ќе добијат нов парк на улица „23 Октомври“ спроти градинката „Изворче“ во населбата Стар Аеродром, информираат од Општина Аеродром.

Скопје, 20 април 2022 (МИА) – Аеродромци ќе добијат нов парк на улица „23 Октомври“ спроти градинката „Изворче“ во населбата Стар Аеродром, информираат од Општина Аеродром.

– Паркот ќе биде на површина од 2.300 м2 и ќе опфаќа детско игралиште и содржини за возрасни, со новопроектирани пешачки патеки, простор и павилјон за одмор, простор за одржување настани, ново хортикултурно уредување и нова наменска урбана опрема, соопштија од Општина Аеродром.

Од таму додаваат дека станува збор за проект што е донација во висина од над 5 милиони денари од општествено-одговорна компанија.

– Паркот покрај тоа што ќе го разубави овој дел од Аеродром, истовремено ќе претставува и ново современо катче за одмор и рекреација на сите жители од нашата општина, велат од Општина Аеродром. оџ/ац/

Таг
Back to top button
Close
Close