0_Спорт.ПорталКошаркаСпорт

Адетокунбо: Уморен сум од пофалби, јас само сакам да играм

Првата ѕвезда на Милвоки бакс, Јанис Адетокунбо изјави дека му е доста да зборува за своите достигнувања и дека само сака да игра.

Милвоки, 19 јануари 2022 (МИА) – Првата ѕвезда на Милвоки бакс, Јанис Адетокунбо изјави дека му е доста да зборува за своите достигнувања и дека само сака да игра.

– Сакам да заборавам на сите награди и да продолжам да работам, бидејќи тие ми пречат. Те окупираат и те држат. „Ох, јас сум во Топ 24 на сите времиња, кул сум“. Не сакам да размислувам за тоа. Сакам да размислувам како да се подобрам. Толку многу одвлекување на вниманието. Влеговте во Топ 75, вие сте 24-ти во историјата, вие сте МВП на финалињата, вие сте двократен МВП … уморен сум од тоа. Уморен сум од пофалби. Затоа апелирам да ме остават да играм кошарка, изјави Јанис.

Гркот е еден од најзаслужните за шампионскиот трофеј на Милвоки освоен мината сезона. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close