Дописници МКДОпштински вести

Авиотренинг камп на штипскиот аеродром „Сушево“

На спортскиот аеродром „Сушево“ кај штипската приградска населба Три Чешми  по 20 години се одржува авиотренинг камп. Пилотот Ненад Давидовиќ вели дека за да се биде цивилен пилот потребно е време, упорност, волја и талент. Првото скалило во совладување на летачката вештина е управување со едрилица.

Штип, 25 септември 2021 (МИА) – На спортскиот аеродром „Сушево“ кај штипската приградска населба Три Чешми  по 20 години се одржува авиотренинг камп. Пилотот Ненад Давидовиќ вели дека за да се биде цивилен пилот потребно е време, упорност, волја и талент. Првото скалило во совладување на летачката вештина е управување со едрилица.

-Потешко е да се лета едрилица, повеќе калкулации има, нема мотор мора да се планира на летањето, значи висина, за колку време треба да се слета, вели Давидовиќ.

Единаесет пилоти од исто толку аероклубови на седум едрилици ги усовршуваа вештините во едриличарство. Пилотот Никола Илиевски вели дека првите чекори се прават со едрилица, а потоа пилотите управуваат со авион, а денешниот авиотренинг камп е подготовка за претстојното државно првенство во едриличарство, кое по 22 години, ќе се одржи токму на терените на штипскиот спортски аеродром. Датумот на одржување ќе биде утврден дополнително во зависност од временските услови.

-Целта на овој камп е да се соберат сите пилоти, едриличари од државата и да направиме добри припреми и заедничко летање, односно тренажно летање во дисциплината прелети, односно да се одлета некоја маршрута, со зададени точки пред полетување, изјави Илиевски.

Познатиот штипски пилот Раде Илиевски, кој е капетан на Боинг 737, рече дека нашата држава има надежна квалитетна генерациија на идни цивилни пилоти. вдј/ хс/

 

Back to top button
Close
Close