
Сараево, 15 декември 2021 (МИА) – Кошаркарите на Пелистер, вечерва од 21 часот ќе се соочат со лидерот на табелата, Борац Бања Лука, во вториот натпревар од АБА 2 Лигата во балонот во Сараево.
Во рамките на 6-то коло од лигата, во салата „Хилс“ битолчани влегуваат со три порази во второто по ранг кошаркарско натпреварување на Јадранот.
На отварањето на „балонот“ во Сараево кошаркарите на Пелистер, претходно, загубија од Широки со 82:83.
Пелистер се наоѓа на 12-то место на табелата и го дели со Рогашка, зад нив е Осијек. ар/бк/