Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

АА бара реакција од надлежните институции за оштетените реклами на нивниот кандидат

Од партијата Алијанса за Албанците информираат дека уништените рекламни материјали и билборди се од нивниот кандидат за градоначалник на Тетово, Вулнет Мурсели. Партијата очекува тие постапки да бидат расветлени од надлежните институции, а сторителите казнети.

Тетово, 30 септември 2021 (МИА) – Од партијата Алијанса за Албанците информираат дека уништените рекламни материјали и билборди се од нивниот кандидат за градоначалник на Тетово, Вулнет Мурсели. Партијата очекува тие постапки да бидат расветлени од надлежните институции, а сторителите казнети.

Во четвртокот вечерта, неколку билборди со ликот на господин Вулнет Мурсели кој што е кандидат за градоначалник на Тетово од страна на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, беа уништени. Ваквите вандализми се срамни намери на неуспешни индивидуи во политиката со намера да ги вовлечат во нивното срамно оро нашите активисти.  Ги уверуваме симпатизерите, гласачите, но, посебно сите граѓани на Тетово и околината дека коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива и тимот на господин Вулнет Мурсели не паѓаат на нивото на тие што ги опфатил страв и паника од губење на изборите кое ги очекува, реагираат од партијата.

Од Алијансата на Албанците бараат соодветно реагирање на надлежните институции.

Очекуваме од истражните органи и тие на обезбедувањето на ред и мир да го расветлат ова срамно дело и сторителите да бидат казнети според законот и Кривичниот законик. Кампањата на г. Вулнет Мурсели ќе биде позитивна, бидејќи таков е и кандидатот, но, и волјата на граѓаните на Тетово. Ние се натпреваруваме со најдобрата програма и понуда, се ангажираме да го  вратиме достоинството на Тетово и на граѓаните, надежта и оптимизмот. Победата на г. Вулнет Мурсели е неизбежна и сигурна, се вели во соопштението на Алијанса за Албанците. ас/фф/

Таг
Back to top button
Close
Close