• A-
  • A
  • A+
вторник, 17 октомври 2017, 

Општествена одговорност


ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ


АД „МИА“ својата деловна филозофија ја темели на услуги кои во потполност се усогласени со барањата на корисниците/клиентите и важечката легислатива.

Стратешки цел на „МИА“ е задоволството на:
1.Корисниците/клиентите,
2.Општествената заедница,
3.Вработените во Агенцијата,
4.Сопствениците.

Утврдените стратешки цели, во МИА ги остваруваме со почитување на начелата:
-Еднаквост на сите корисници/клиенти.
-Сите корисници/клиенти имаат право на заштита.
-Услугите кои ги пружа МИА мора да бидат професионално, ефикасно и економично реализирани.
-Исполнување на потребите и очекувањата на корисниците/клиентите, согласно со најдобрите практики и законските прописи, е првиот приоритет во вршењето на нашата работа.
-Врвен квалитет на услугите е одговорност на секој вработен во МИА.
-Тимска работа базирана на комуникација помеѓу клиентите/корисниците и надлежните служби на МИА, претставува основа на нашата компетентност и услужност.
-Планирање, превентива, подобрување и иновации во кој се вклучени вработените, клиентите/корисниците и сите други заинтересирани страни.
-Градење на партенерски односи со сите заинтересирани страни кои учествуваат во унапредување на нашите услуги е наша трајна определба.
-Оддржлив развој базиран на квалитет, заштита на животна средина, општата сигурност, здравјето и безбедноста на вработените и на нашата околина.
-Спроведувањето на оваа Политика и достигнување на нова деловна култура се овозможува со Програми за обучување и мотивација на вработените во МИА.
-Преиспитувањето на Системот за квалитет од страна на МИА се реализира постојано заради воспоставување на процес на постојано подобрување на секојдневната работа, на планираните задачи и целите за квалитет.

ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

АД Македонска информативна агенција - МИА Скопје, како водечка агенција во областа на новинарството во Република Македонија и како општествено одговорна агенција која води грижа за пошироката заедница, во рамките на своето деловно работење презема активности со кои целосно го почитува законот за животна средина и другата регулатива поврзана со животната средина и се залага за постојано подобрување на влијанието на агенцијата врз животната средина.

Во согласност со тоа, МИА го смета за најважно извршувањето на своето работење со свесност за своето влијание врз животната средина и затоа ќе се труди ваквиот став да го примени во целост во сите свои операции, грижејќи се да ги изведува своите активности на национално ниво како "Одговорен Граѓанин".

Нашата политика за животна средина јасно ги наведува нашите минимум барања:

-Имаме општествена одговорност да ја заштитиме животната средина и нашите размислувања и делувања се насочени кон одржливо општество, во интерес на идните генерации.
-Придаваме најголема важност на заштитата на животната средина. Раководството на МИА е директно одговорно за дефинирање и имплементирање на политиката за заштита на животната средина.
-Користиме модерен систем за управување со животната средина, со цел да обезбедиме ефективна примена на нашата политика за заштита на животната средина.
-Користиме антиципативен пристап при заштита на животната средина. Правните норми ги сметаме за минимум барања, кои често во голема мера ги надминуваме.
-Нашата политика за информирање е насочена кон почитување на целите за заштита на животната средина. Овие цели влијаат на нашето однесување кон договорните страни.
-Се трудиме да изнајдеме решенија за производи и услуги кои ја штедат енергијата и природните ресурси.
-Активно ги вклучуваме нашите вработени во мерките за заштита на животната средина.
-Ја информираме јавноста и нашите сопственици за нашите активности за заштита на животната средина и промовираме конструктивен дијалог и соработка во насока на промовирање на заложбата за унапредување на животната средина.

Скопје, октомври 2012