• A-
  • A
  • A+

недела, 23 јули 2017, 

Матис: Сирија не го предаде целото хемиско оружје

Матис: Сирија не го предаде целото хемиско оружје

Тел Авив, 21 април 2017 (МИА) - Нема сомнеж дека режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад го прекрши договорот за предавање на целиот хемиски арсенал, со тоа што задржал дел од хемиското оружје, изјави американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис.

Тој, на заедничка прес-конференција со израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман во Тел Авив, посочи дека тоа е кршење на резолуциите на Советот за безбедност на Обединети нации и оти тоа прашање треба да се разгледува на дипломатско ниво.

Либерман одби да ги коментира наводите на израелското разузнавање дека Сирија се уште поседува од еден до три тони хемиско оружје.

- Израел располага со стопроцентна информација дека режимот на Асад употребил хемиско оружје против бунтовниците, истакна Либерман.

Матис наведе дека изминатите денови, по американските ракетни напади врз авиобазата во провинцијата Хомс на 7 април, сириската воена авијација ги распоредила авионите на различни локации.

Предвидено е при престојот во Израел, Матис да се сретне и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. ми/сп/13:02

###

Мозаик

Почина актерот Џон Херд

Американскиот актер Џон Херд, познат по улогата на...

Принцот Џорџ го слави четвртиот роденден

Британскиот принц Џорџ денеска го слави четвртиот ...

Шише „Пенфолд гранж“ на аукција во Австралија продадено за над 35.000 евра

Шише исклучително ретко вино на познатата австрали...

Почина српскиот пејач Предраг Гојковиќ - Цуне

Доајенот на српската староградска и народна музика...