• A-
  • A
  • A+
среда, 13 декември 2017, 

Црногорско МНР: Обвиненијата на Москва се дел од „специјалната медиумска војна“

Црногорско МНР: Обвиненијата на Москва се дел од „специјалната медиумска војна“

Подгорица, 21 април 2017 (МИА) - Црногорското Министерство за надвореши работи ги отфрли како неосновани обвиненијата на портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова за „антируската хистерија“ во Црна Гора. 

Во Црна Гора не е регистриран ниту еден случај во кој руски бизнисмен или турист имал каква било непријатност, ниту пак во земјата постои какво и да е непријателско расположение кон рускиот народ. За тоа можат да сведочат илјадниците Руси кои се наоѓаат во Црна Гора, стои во соопштението. 

Црногорското Министерство оценува дека тврдењата на Захарова се продолжение на „специјалната медиумска војна“ на Москва против Подгорица со познатиот мотив, против членството на Црна Гора во НАТО. 

Синоќа, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека Русија не ја исклучува можноста за провокации против руските граѓани во Црна Гора, вклучувајќи и приведувања врз основа на сомнителни мотиви и нивно предавање на трети земји. 

- Во Црна Гора очигледно се создаде неповолна ситуација за Русите. При наглото влошување на билатералните односи, што беше испровоцирано од Подогорица, претстојното пристапување на Црна Гора во НАТО, одлуката на црногорските власти за целосно прифаќање на санкциите на ЕУ против Русија, забележуваме раст на антируското расположение. Согледуваме зајакнување на негативниот однос кон рускиот бизнис и кон нашите сограѓани. Не ја исклучуваме можноста за провокации, апсења врз основа на сомнителни мотиви и предавање на руски државјани во трети земји, главно во САД, истакна Захарова.

Таа нагласи дека поттикнувањето на русофобијата не е карактеристично за Црногорците и целосно лежи на совеста на политичарите во земјата. см/ссм/15:51

###

Мозаик

„Хафингтон пост“ објави листа на 18 најдобри филмови во 2017 година

Американскиот весник „Хафингтон пост“ објави листа...

Затвореник им се предаде на властите по 20 години минати во бегство

Затвореникот Гасан Салех (66), кој пред 20 години ...

Писториус повреден во затворска тепачка

Некогашниот параолимпиец Оскар Писториус е повреде...

Почина американски војник кој пијан дезертираше во Северна Кореја

Американски војник, кој пред повеќе од половина ве...

Егзибиционист од Кина ја сними својата смрт

Кинезот Ву Јонгнинг (26), кој важеше за Јутуб ѕвез...