• A-
  • A
  • A+

вторник, 22 август 2017, 

Реал против Атлетико, Монако со Јувентус во полуфиналето на ЛШ

Реал против Атлетико, Монако со Јувентус во полуфиналето на ЛШ

Нион, 21 април 2017 (МИА) – Во седиштето на Европската фудбалска федерација (УЕФА) во Нион попладнево беа извлечени двојките за полуфиналето во Лигата на шампионите.

Првиот полуфинален пар го сочинуваат градските ривали Реал и Атлетико Мадрид. Овие две екипи минатата сезона играа во финалето кога Реал стана европски шампион.

Прв во двомечот домаќин ќе биде Реал, а реваншот ќе се игра на стадионот на Ателтико.

Во второто полуфинале Монако прво ќе го пречека Јувентус, а потоа ќе се игра реваншот во Тотино.

Првите мечеви ќе се играат на 2 и 3 мај, а реваншите се закажани за 9 и 10 мај. зс/12:30

###