• A-
  • A
  • A+
среда, 13 декември 2017, 

Детска филмска програма „Креираме заедно“

Детска филмска програма „Креираме заедно“

Скопје, 21 април 2017 (МИА) - Во рамки на „Скопје филм фестивал“ вечерва во 19:30 часот во „Кинотеката на Македонија“ ќе започне новата инклузивна Детската филмска програма „Креираме заедно“. 

Фестивалот во партнерство со Здружението за поддршка на деца и млади со различности „Сината птица“ од Скопје, годинава, преку програмата „Креираме заедно“, по прв пат во конципирањето на фестивалската програма ги вклучува и учениците со и без попреченост од осум инклузивни училишта од Скопје, Тетово и Струмица.

Проектот се имплементира со поддршка од Европската Унија, како дел од програмата „Заштита на децата од насилство и унапредување на социјалната инклузија на децата со попреченост во Западен Балкан и Турција“, а е кофинансиран и спроведен од страна на УНИЦЕФ.

Вечер во „Кинотеката на Македонија“ ќе бидат прикажани завршните продукти од работилниците за фотографија, видео запис и плакат за детската програма. Во фоајето на „Кинотеката ќе бидат изложени фотографиите и цртежите што ги изработија учениците, а по свеченото отворање, ќе бидат прикажани нивните видео записи и дел од филмската програма.

Проектот „Креираме задено“ се имплементираше во инклузивни училишта во Скопје, Тетово и Струмица каде беа одржани работилници за фотографија, видео запис и работилница за плакат, како и обуки за детски права. Во нив учествуваа вкупно 86 ученици на возраст од 9 до 14 години кои во духот на самозастапување, преку визуелни алатки, говореа за себе и својот свет.

Работилниците ги водеа уметниците: Ване Костуранов (плакат), Наташа Гелевска (фотографија) и Јане Алтипармаков (видеозапис).

Детската филмска програма на „Скопје филм фестивал“, ќе понуди осум куси детски филмови кои уриваат редица табуа и стереотипи за луѓето со попреченост и отвараат теми за размислување.

Филмовите се синхронизирани на македонски јазик и се со адаптиран превод за лицата со оштетен слух.

По филмската програма ќе следи дебата на тема „Креативноста- прозорец кон светот на различностите“.

Програмата „Креираме заедно“ ќе продолжи и утревечер во Кинотеката. Влезот за двете вечери е слободен. вг/скс/07:49

###

НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хафингтон пост“ објави листа на 18 најдобри филмови во 2017 година

Американскиот весник „Хафингтон пост“ објави листа...

Затвореник им се предаде на властите по 20 години минати во бегство

Затвореникот Гасан Салех (66), кој пред 20 години ...

Писториус повреден во затворска тепачка

Некогашниот параолимпиец Оскар Писториус е повреде...

Почина американски војник кој пијан дезертираше во Северна Кореја

Американски војник, кој пред повеќе од половина ве...

Егзибиционист од Кина ја сними својата смрт

Кинезот Ву Јонгнинг (26), кој важеше за Јутуб ѕвез...