• A-
  • A
  • A+

понеделник, 24 јули 2017, 

Од верските календари

Од верските календари

12 јануари 2017 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 30 декември.

Денеска е Св. маченичка Анисија.

Анисија беше родум од Солун. Потекнуваше од угледен и богат род. Родителите и беа побожни луѓе и добро се погрижија околу нејзиното воспитание; уште од младоста таа многу го засака Бога. Набргу умреа нејзините родители и таа го наследи нивното огромно богатство. Но, таа не дозволи богатството да и го одреди животот, па распродаде се и почна да им служи на бедните, затворените, болните и на сите што се наоѓаа во некаква мака. Света Анисија пострада од еден разбеснет војник кога одби да им принесе жртва на идолите. Тоа се случи во 298 година.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Аркадиј.

Живеел во третиот век, како угледен граѓани на градот Цезареја за време на владеењето на царот Валеријан, големиот прогонувач на христијаните. Аркадиј бил добар христијанин кој сериозно го сфатил христијанството. Кога царот Валеријан во 253 година ги издал своите прогонителски декрети против христијаните, Аркадиј се повлекол, за што подобро да го подготви мачеништвото. Кога го довеле пред суд, побарале од него да се одрекне од Христос, но тој се согласил на мачеништво и бил убиен.

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ