• A-
  • A
  • A+

понеделник, 24 јули 2017, 

Од верските календари

Од верските календари

10 јануари 2017 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 28 декември.

Денеска е Св. 20.000 маченици во Никомидија.

Страдањето на 20.000 никомидиски маченици се случило во 302 година, во времето на цар Максимијан. Максимијан, враќајќи се од поход, наредил луѓето да се собираат во Никомидија за да им принесат жртви на идолите. Штом чул за тоа Антим, епископот на Никомидија, ги собрал христијаните во црква, каде што служеле сеноќно бдение. Максимијан дознал за тоа и наредил црквата да се запали заедно со луѓето што биле внатре. На тој начин пострадаа овие 20.000 никомидиски христијани од раката на безбожниот Максимијан.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Агатон.

Роден е во Сицилија, а по потекло бил Грк. Живеел во седмиот век и се определил за монашки живот во Редот на свети Бенедикт. Во 678 година бил избран за папа. Во тоа време, во Рим пустошела чума. Папата Агатон ги помагал несреќните луѓе и бил почитуван од народот. Бил многу заслужен, бидејќи во 680 година, било свикано Цариградското собрание. Умрел во 681 година, правејќи добри дела за Црквата и за луѓето, на посебен начин, за тие кои биле најсиромашни.

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ