• A-
  • A
  • A+

недела, 24 септември 2017, 

Вајгл: Односите на Србија со соседите се тешко прифатливи, посебно изјавата на Дачиќ за Македонија

Вајгл: Односите на Србија со соседите се тешко прифатливи, посебно изјавата на Дачиќ за Македонија

Брисел, 10 јануари 2017 (МИА) - Пратениците во Европскиот парламент што се дел од Комитетот за надворешни работи (АФЕТ), синоќа, за време на првото читање на драфт-извештајот на Евопарламентот, жестоко ја нападнааа Република Србија за нејзините односи со соседите, посебно со Република Македонија.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, европратениците од Словенија, Алојз Петерле и Иво Вајгл, како и уште неколкумина други пратеници во ЕП од балканскиот регион, посебно ја осудија неодамнешната изјава на српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ во однос на признавањето од српска страна на Република Македонија под нејзиното уставно име.

- Што се однесува до односите на Србија со соседите, како со Босна и Херцеговина, така и со останатите, тие тешко дека може да се опишат како прифатливи. Тука посебно мислам на изјавата на Дачиќ, во контекстот на признавањето на Република Македонија под нејзиното уставно име од страна на Србија, дециден беше европратеникот Вајгл.

Инаку, првичниот драфт-извештај за Србија во ЕП содржи политички коректни нотации и пофалби за Србија, но правно оваа соседна земја на Македонија е осудена дека правосудството не е независно, дека нема напредок во борбата против корупцијата, дека не ги усогласува надворешните политики со оние на Европската унија (пр. не воведува санкции кон Русија), како и за нетранспарентност на сопствеништвото во медиумите, притисоци и заплашување на ноовинарите, за што е изразено голема загриженост и е нотирано дека „оваа состојба не се поправа“. бн/12:44

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.