• A-
  • A
  • A+

понеделник, 29 мај 2017, 

Тројца мртви при напад на канцеларија на руското ФСБ

Тројца мртви при напад на канцеларија на руското ФСБ

Москва, 21 април 2017 (МИА) - Вооружен напаѓач отвори оган во канцеларија на Далечниот исток на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), при што три лица загинаа, вклучувајќи го и напаѓачот.

ФСБ соопшти дека мажот ги минал детекторите за метал, влегол во холот на ФСБ во Хабаровск и отворил оган кон присутните. Убиен е службеник на ФСБ и еден посетител, по што обезбедувањето го застрелало напаѓачот.

Во нападот е повреден еден посетител.

Напаѓачот е идентификуван како А.В. Конев, роден во 1999 година и жител на областа Кабаровск, информира ТАСС.

Според одредени сознанија, тој бил припадник на нео-нацистичка група. ссм/15:02

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.