• A-
  • A
  • A+
четврток, 19 јануари 2017, 

Трамп: Немам ништо заедничко со Русија

Трамп: Немам ништо заедничко со Русија

Вашингтон, 11 јануари 2017 (МИА) - Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека Русија никогаш не се обидела да влијае врз него и ги обвини разузнавачките служби за објавените тврдења во медиумите, дека Москва има компромитирачки информации за него.

- Разузнавачките служби никако не требаше да дозволат протекување на лажни вести во јавниот простор. Последен истрел кон мене. Во нацистичка Германија ли живеам, истакна Трамп на првата прес-конференција по шест месеци.

Трамп и на Твитер напиша - „Русија никогаш не се обидела да влијае врз мене. НЕМАМ НИШТО ЗАЕДНИЧКО СО РУСИЈА - НИТУ БИЗНИС, НИТУ ЗАЕМИ, НИШТО НЕМАМ“. 

Претходно и официјална Москва соопшти дека нема компромитирачки информации за новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, ниту за неговата ривалка Хилари Клинтон.

– Кремљ нема компромитирачки информации за Трамп. Тоа е тотално блефирање, апсолутно фабрикување, целосна бесмислца, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Тој додаде дека цел на таквите обвувања е да се нанесе што поголема штета на американско-руските односи. ми/ссм/16:22

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Бети Вајт 95, роденден го прослави на снимање

Актерката Бети Вајт својот 95. роденден го прослав...

Премиера на Враќањето на Ксандер Кејџ, ФХ3Х дел од ефектите

Македонската компанија за анимација и визуелни ефе...

Автомобил паркиран на тераса

На руските социјални мрежи се појави фотографија к...

Новак Ѓоковиќ купил два апартмана на Менхетн

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој моментно се на...

Какво возило има Хомер Симпсон

Симпсонови се едно от најпознатите семејства во СА...