• A-
  • A
  • A+
четврток, 30 март 2017, 

Околу 70 камиони заглавени на Евзони, чекаат влез во Грција

Околу 70 камиони заглавени на Евзони, чекаат влез во Грција

Скопје, 11 јануари 2017 (МИА) - Околу 70 товарни возила чекаат влез во Грција на преминот Евзони. Поради лошите временски услови и состојбата на патиштата, од два часот ноќеска не им е дозволено да ја преминат границата.

Како што соопшти МВР, утринава е остварен контакт меѓу раководителот на смена на Полициската станица на граничниот премин Богородица  со раководителот на смена на граничниот премин Евзони во врска со застојот.

- Од страна на грчките полициски службеници е добиено известување дека од 2:00 часот не им се дозволува на тешките товарни возила влез во Грција поради лошите временски услови и состојбата на патиштата, стои во соопштението од МВР. мч/мд/10:58

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.