• A-
  • A
  • A+

петок, 18 август 2017, 

ОН: Имаме историска шанса за обединување на Кипар во 2017

ОН: Имаме историска шанса за обединување на Кипар во 2017

Никозија, 30 декември 2016 (МИА) - Специјалниот пратеник на генералниот секретар на Обединетите Нации за Кипар, Еспен Барт Ејде смета дека етнички поделениот остров има историска шанса за обединување во 2017 година.

Според него, средбата меќи лидерите на двете кипраскиз аеднициа во Женева, закажана за 10 дена ќе биде клучна за постигнување мировен договор.

Ејде во статија за „Сајпрус Викли" пишува дека кипарскиот претседател Никос Анастасијадис и лидерот на кипарските Турци, Мустафа Акинџи, покажале политичка волја за ставање крај на конфликтот.

- Тие признаваат дека статусот кво е неприфатлив и неодржлив и дека постојните преговори претставуваат најдобрата можност за решение. Постигнувањето договор ќе донесе реална политичка и економска полза како за Кипранците, така и за целиот регион, стои во статијата.

Според медијаторот, 2017 претставува „историска шанса" за отворање нова страница од историјата на Кипар.

Кипар е поделен од 1974 година, кога северниот дел од островот беше окупиран од Турција како одговор на државниот удар на група кипарски Грци, кои се залага за присоединување на Кипар кон Грција.

Анастасијадис и Акинџи ќе ги продолжат преговорите за обединување на Кипар, кои се одвиваат под покровителство на ОН во Женева, од 9 до 11 јануари. си/сп/13:26

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„А а а а многу добра песна“ нов хит на Ајтунс

Делото насловено „А а а а многу добра песна“ стану...

Соопштение на лекарска ординација стана хит на интернет (фото)

Еден лекар во Босна и Херцеговина на влезот на сво...

Колку спијат успешните луѓе?

Научниците до сега со многу истражување се обидува...

Најави од Нетфликс: Се снима нов ситком со Мајкл Даглас

Нетфликс најави свој голем проект – ситком серијат...

Римини: Том Круз е дијаболик

Глумицата и поранешен саентолог Леа Римини повторн...