• A-
  • A
  • A+
четврток, 19 јануари 2017, 

Трамп по санкциите на Обама за Русија: Време е да одиме понатаму

Трамп по санкциите на Обама за Русија: Време е да одиме понатаму

Њујорк, 30 декември 2016 (МИА) -  Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп се огласи, откако администрацијата на претседателот во заминување Барак Обама воведе санкции против Русија, упатувајќи и повик на земјата да „тргне понатаму“ и најавувајќи го состанокот со шефовите на разузнавачките служби.

- Време е нашата земја да оди понатаму кон поголемите и подобри работи, рече Трамп.

- Во интерес на нашата земја и нејзиниот голем народ ќе се состанам со лидерите на разузнавачката служба следната недела, со цел да се запознаам со фактите од оваа ситуација, додаде Трамп. 

САД како одговор на наводното мешање на Русија во претседателските избори воведоа серија остри санкции кон Москва, вклучувајчи протерување на 35 руски дипломати и затворање на два објекта. 

Од Москва порачуваат дека на тоа ќе одговорат адекватно и категорично ги отфрлаат обвиненијата на Вашингтон, оценувајќи ги како неосновани. ац/зш/08:06

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Бети Вајт 95, роденден го прослави на снимање

Актерката Бети Вајт својот 95. роденден го прослав...

Премиера на Враќањето на Ксандер Кејџ, ФХ3Х дел од ефектите

Македонската компанија за анимација и визуелни ефе...

Автомобил паркиран на тераса

На руските социјални мрежи се појави фотографија к...

Новак Ѓоковиќ купил два апартмана на Менхетн

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој моментно се на...

Какво возило има Хомер Симпсон

Симпсонови се едно от најпознатите семејства во СА...