• A-
  • A
  • A+

понеделник, 26 јуни 2017, 

Оштетено уште едно македонско возило во грчка Калитеа

Оштетено уште едно македонско возило во грчка Калитеа

Скопје, 15 септември 2015 (МИА) - Граничната полиција евидентираше уште еден случај на оштетување возило на македонски државјани кои летувале во туристичкото место Калитеа, Република Грција.

На Граничниот премин „Богородица“, вчера од страна на лицето Ј.Ч. од Скопје било пријавено дека на 06.09.2015 г. во туристичкото место Калитеа, му било оштетено возилото марка „Пежо 207“ со скопски регистарски ознаки, така што на задниот багаж со остар предмет му била изгребана налепницата „МК“ и со гребење му биле напишани буквите  „SLAV“. Случајот, соопшти денеска МВР, не бил пријавен во грчката полиција.

Со овој, регистрирани се вкупно 12 случаи во оваа туристичка сезона на оштетени возила на македонски државјани кои летуваат во Грција, а регистрирани се и три случаи на кражба на регистарски таблички. цр/12:50

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Ексхумација на посмртните останки на шпанскиот сликар Салвадор Дали

Судот во Мадрид нареди да се изврши ексхумација на...

Метеоролог „оддуван“ во живо (видео)

Во Ирска, презентерот на временската прогноза Дере...

Природна ванила се помалку, за еден килограм сладолед 500 евра

Цената на природниот сладолед од ванила во изминат...

НАСА ја демантира Гвинет Палтроу

Актерката Гвинет Палтроу е сопственичка на Интерне...

Сиена Милер бара актерките да бидат повеќе платени од нивните машки колеги

Холивудската актерка Сиена Милер се осврна на родо...