• A-
  • A
  • A+

петок, 18 август 2017, 

Двата аеродрома со зголемен број на патници

Двата аеродрома со зголемен број на патници

Скопје, 11 септември 2015 (МИА) - Скопскиот и охридскиот ааеродром од јануари до август опслужиле 1.021.713 патници што е зголемување од 18,3 проценти во споредба со истиот период лани кога во овој период се евидентирани 863.716 патници.

На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје регистрирани се 948.998 патници, односно за 16,8 отсто повеќе од минатата година кога се превезени 812.426 патници. На охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ исто така се забележува зголемување на бројот на превезени патници. Така, од јануари до август годинава се превезени  72.715 патници, додека во истиот период 2014 година евидентирани се 51.290 патници.

Најзастапени дестинации според бројот на патници се Истанбул со 14,5 отсто, Цирих 9,1 отсто, Виена 7,1 отсто, Малме 5, 9 отсто, Базел 5,4 отсто и Лондон со 5,2 отсто.

Од годинава се воведени и директни линии за пет нови дестинации до европските градови и тоа од скопскиот аеродром до Барселона, Осло, Нирнберг, Хамбург и Фридихшафен два пати неделно, а од охридскиот аеродром е воведен директен лет до Базел исто така два пати неделно.

- Континуираниот раст на бројот на превезени патници како и бројот на компании кои оперираат на двата аеродроми е директен резултат од Проектот за финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај што го реализира Владата на Република Македонија, велат од Министерството за транспорт и врски. бак/

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„А а а а многу добра песна“ нов хит на Ајтунс

Делото насловено „А а а а многу добра песна“ стану...

Соопштение на лекарска ординација стана хит на интернет (фото)

Еден лекар во Босна и Херцеговина на влезот на сво...

Колку спијат успешните луѓе?

Научниците до сега со многу истражување се обидува...

Најави од Нетфликс: Се снима нов ситком со Мајкл Даглас

Нетфликс најави свој голем проект – ситком серијат...

Римини: Том Круз е дијаболик

Глумицата и поранешен саентолог Леа Римини повторн...