• A-
  • A
  • A+

понеделник, 26 јуни 2017, 

Оштетени нови четири возила на македонски државјани во Грција

Оштетени нови четири возила на македонски државјани во Грција

Скопје, 9 септември 2015 (МИА) - Граничната полиција евидентираше четири случаи на оштетување возила на македонски државјани кои летувале во Република Грција, пријавени на граничниот премин „Богородица“ во периодот од 28.08. до 08.09.2015 година.

МВР денеска соопшти дека се оштетени четири возила односно  патничко моторно возило „Chevrolet“ со скопски регистарски ознаки, управувано од лицето З.И. во местото Ксарти, на кој со црн и црвен спреј му била обоена шофершајбната и двете регистарски таблички. Потоа возило „Ford“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од лицето Д.С. во местото Паралија, со црн спреј му биле испрскани регистарските таблици во делот на ознаката МК како и дел од предниот и задниот браник покрај таблиците при што е прекриена ознаката МК, „Citroen C4“ со охридски регистарски ознаки, управувано од лицето Г.С. во местото Калитеа, со остар предмет му биле изгребани двете страни од преден до заден фар и бил оштетен знакот МК на задната странаи возило „VW Passat“ со кочански регистарски ознаки, управувано од З.З. во местото Ставрос, на хаубата со остар предмет му било изгравирано „МК=GR“. Освен оштетувањето на патничкото моторно возило „Citroen C4“ во Калитеа, се наведува во соопштението, останатите случаи не биле пријавени во грчката полиција.

Со овие четири нови случаи, билансот на оштетени возила на македонски државјани кои летувале во Грција, стои во соопштението од МВР, се искачи на 10, а евидентиран е и еден случај на кражба на регистарски ознаки. цр/17:56

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Ексхумација на посмртните останки на шпанскиот сликар Салвадор Дали

Судот во Мадрид нареди да се изврши ексхумација на...

Метеоролог „оддуван“ во живо (видео)

Во Ирска, презентерот на временската прогноза Дере...

Природна ванила се помалку, за еден килограм сладолед 500 евра

Цената на природниот сладолед од ванила во изминат...

НАСА ја демантира Гвинет Палтроу

Актерката Гвинет Палтроу е сопственичка на Интерне...

Сиена Милер бара актерките да бидат повеќе платени од нивните машки колеги

Холивудската актерка Сиена Милер се осврна на родо...