• A-
  • A
  • A+
петок, 24 февруари 2017, 

За 29 проценти повеќе патници од аеродромите во Скопје и Охрид

За 29 проценти повеќе патници од аеродромите во Скопје и Охрид

Скопје, 11 април 2015 (МИА) - Во првиот квартал годинава преку аеродромите „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид се превезени 268.400 патници, што во однос на истиот период лани кога биле превезени 207.963 патници, претставува зголемување од 29, 1 отсто, соопшти денеска Министерството за транспорт и врски. 

На Скопскиот аеродром во периодот од јануари до март годинава се регистрирани 264.165 патници, или за 29,3 отсо повеќе во однос на истиот период од минатата година кога се превезени 204.285 патници.

Во првите три месеци од годинава на аеродромот во Охрид се превезени 4.235 патници, што во споредба со истиот период од 2014 година кога биле превезени 3.678 патници, е зголемување за 15,1 процент.

Во јануари, февруари и март годинава најчести дестинации според бројот на патници зсе Истанбул, 15 проценти, Цирих 8,6  проценти, Базел 6,4 проценти, Виена 6,6 проценти, Малме 6,2 проценти, Лондон со 5,6  проценти и Минхен 4,7 проценти.

Од јуни годинава ќе се воведат директни линии за пет нови дестинации до европски градови. Ќе има два пати неделно летови од аеродромот „Александар Велики“ во Скопје до Барселона, Осло, Нирнберг, Хамбург и Фридихшафен, а од „Св. Апостол Павле“ од Охрид, ќе се воведе директен лет до Базел, исто така, два пати неделно.

- Забележаниот континуиран раст на бројот на превезени патници, како и бројот на компании кои оперираат со нови дестинации е резултат на Проектот на Владата за финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај. Во тој контекст позитивните политики за развој на воздушниот сообраќај ќе продолжуват да се применуваат и во наредните години, со цел промовирање на нашата држава како атрактивна туристичка и бизнис дестинација, се вели во соопштението од Министерството за транспорт и врски.лв/11:22

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.