• A-
  • A
  • A+

понеделник, 26 јуни 2017, 

СП 2014: Французите за пласманот во четвртфиналето наградени со по 93 илјади евра

Париз, 1 јули 2014 (МИА) - Секој репрезентативец на Франција ќе добие по 93.000 евра по вчерашната победа над Нигерија и пласманот меѓу осумте најдобри на Светското фудбалско првенство во Бразил.

Наградата за „триколорите“ доаѓа од договорот постигнат пред почетокот на Мундијалот со Француската фудбалска федерација според кој од вкупната сума добиена од ФИФА 30% ќе добијат играчите.

ФИФА на четвртфиналистите ќе им исплати по 10,2 милиони евра, па 30насто од оваа сума поделена на 33 фудбалери изнесува 93 илјади евра.

Во случај да играат полуфинале Французите ќе добијат по 131.000 евра, за финале премиите ќе им бидат по 145.000, а за освојување на титулата наградата за секој играч ќе биде по 230 илјади евра.

Франција в петок против Германија ќе се бори за влез во полуфиналето. зс/14:33

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Ексхумација на посмртните останки на шпанскиот сликар Салвадор Дали

Судот во Мадрид нареди да се изврши ексхумација на...

Метеоролог „оддуван“ во живо (видео)

Во Ирска, презентерот на временската прогноза Дере...

Природна ванила се помалку, за еден килограм сладолед 500 евра

Цената на природниот сладолед од ванила во изминат...

НАСА ја демантира Гвинет Палтроу

Актерката Гвинет Палтроу е сопственичка на Интерне...

Сиена Милер бара актерките да бидат повеќе платени од нивните машки колеги

Холивудската актерка Сиена Милер се осврна на родо...