• A-
  • A
  • A+
сабота, 24 февруари 2018, 

Митрополитот г. Петар го посети Домот за доенчиња и мали деца во Битола

Митрополитот г. Петар го посети Домот за доенчиња и мали деца во Битола

Битола, 7 јануари 2017 (МИА) - Митрополитот преспанско пелагониски и администратор австралиско-новозеландски г. Петар според востановената традиција на прв ден Божик оствари посета на ЈУ Дом за доенчиња и мали деца-Битола.

Може да се рече дека Божик е и празникот на децата и затоа продолжуваме да ја негуваме традицијата и веднаш по свечената богослужба во Храмот „Св.Димитрија“ и годинава сме со децата во Домот за доенчиња, истакна митрополитот г. Петар.

- Децата во Домот за доенчиња треба да ја почувствуваат радоста на Божик кој уште може да се рече празник на децата затоа што денес е роден богомладенецот Исус Христос. Овие прекрасни мали невини душички имаат потреба од љубов, имаат потреба од радост, од дружење и затоа и оваа година сме заедно со нив, посочи митрополитот г. Петар и подели божиќни пакетчиња и подароци за децата сместени во таа установа.

Митрополитот на преспанско пелагониската православна епархија г. Петар утре на втор ден Божик ќе богослужи во црквата „Свето Преображение“ во Прилеп, а на 9 јануари Божиќна богослужба ќе одржи во црквата „Св. Ѓорги“ во Ресен. мт/вј/13:50

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Кинези завршија во затвор поради јапонски униформи

Кинеските власти казнија со затворска казна од 15 ...

Само еден твит на Кајли Џенер ја урна вредноста на „Снепчет“

Само еден твит на ријалити ѕвездата Кајли Џенер за...

Стивен Фрај боледува од рак на простата

Познатиот британски актер Стивен Фрај објави дека ...

Во Британија продаден чајник за 650 илјади евра

Колекционер од Велика Британија на аукција продаде...

Линдзи Вон ја расфрли пепелта од својот дедо во Пјонгчанг

Американската скијачка Линдзи Вон му оддаде чест н...