• A-
  • A
  • A+
петок, 31 март 2017, 

МТСП: Живко Митревски е легитимен претседател на ССМ

Скопје, 5 јануари 2017

МТСП: Во Регистарот на синдикати како единствен легитимен претставник - претседател на ССМ е запишан Живко Митревски и решението со кое е назначен останува во сила


Почитувани,

Министерството за труд и социјална политика го разгледа случајот во врска со настаната ситуација за промена на претседателот на Сојузот на синдикати г. Живко Митревски и од увидот во доставената документација од страна на ССМ се утврди дека 12 синдикални организации потврдуваат дека до нив не била доставена иницијатива за промена на легитимното избрано раководство на ССМ и претседателот на ССМ и дека ниту еден од нивните членови не присуствувал на седницата на советот на ССМ одржана на 13.11.2016 година што е спротивно на статуот и деловникот за работа на ССМ. Исто така, во своите известувања членовите на овие синдикални организации изразуваат безрезервна поддршка на легитимно избраното раководство и на претседателот на ССМ.

Според ова евидентно е дека е донесено нелегитимно решение за промена на претседателот во нелегална процедура.

Сакаме да ја запознаеме јавноста и за тоа дека во Регистарот на синдикати кој се води во Министерството за труд и социјална политика како единствен легитимен претставник - претседател на ССМ е запишан Живко Митревски и дека Решението со кое е назначен за претседател останува во сила.

Согласно со ова ја известуваме јавноста дека Министерството за труд и социјална политика донесе Решение со кое го поништи претходно донесеното решение со кое претседателот Живко Митревски беше разрешен од должноста претседател и на негово место назначен Дарко Димовски.

Причината за поништување на Решението е поради тоа што истото е незаконито и нестатутарно, донесено е спротивно на Законот и на статутот на Сојузот на синдикати, односно, истото е донесено врз основа на фалсификуани документи.

Министерството за труд и социјална политика нема да дозволи да биде соучесник во донесување на Решение кое е незаконито и претставува основ за поведување на кривична постапка.

Кабинет на министер за труд и социјална политика

_______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ