• A-
  • A
  • A+
петок, 31 март 2017, 

Од Крива Паланка 41 дете на бесплатно зимување

Од Крива Паланка 41 дете на бесплатно зимување

Крива Паланка, 5 јануари 2017 (МИА) - Вкупно 41 дете од семејства во социјален ризик од Крива Паланка и Ранковце ќе одат на бесплатен зимски одмор во Крушево, во рамки на проектот за бесплатно зимување кој го реализира Министерството за труд и социјална политика.

Од Меѓуопштински центар за социјални работи Крива Паланка информираа дека дечињата во сабота, 7 јануари, ќе заминат на зимување во Крушево, придружувани од двајца волонтери од општинската организација на Црвен крст, Крива Паланка.

Дечињата се од семејства корисници на социјална парична помош, деца без родителска грижа, корисници на посебен додаток, детски додаток или постојана парична помош, како и деца од згрижувачки семејства. Тие ќе ги користат услугите од проектот во рамки на втората смена од седми до 14-ти јануари.

Инаку, ист број дечиња од двете општини летово ги искористија услугите од проектот на МТСП Бесплатен летен одмор за деца од семејства во социјален ризик и една седмица престојуваа во одморалиштето „Мајски цвет“ во Струга, додека лани беа на зимување на Пелистер, Битола. ид/дма/15:19

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.