• A-
  • A
  • A+

понеделник, 26 јуни 2017, 

Вардар првпат во ТОП 3 во рангирањето на ЕХФ

Вардар првпат во ТОП 3 во рангирањето на ЕХФ

Скопје, 20 април 2017 (МИА) - Пред четвртфиналето во ракометната Лига на шампиони, медиа делот на ЕХФ составен од еминентни новинари кои ги следат натпреварите го направи и последното рангирање на тимовите што стигнаа до ТОП 8 фазата. Тука Вардар за првпат се најде на пиедесталот, на третото место што е најдобар успех за „црвено-црните" досега.

Претходно двапати вардарци се најдоа меѓу четирите најдобри екипи во Лигата на шампионите.

Ваквото рангирање се прави неколкупати во текот на годината и многу често е вистински показател за следните резултати на тимовите. Истото се прави врз основа на последните резултати и формата во која са наоѓа тимот, но истовремено и се предвидува како истиот тим би завршил во следниот период.

ЕХФ преку својата мрежа на новинари, за првпат Вардар го стави во групата на тимови што не само што сигурно би требало да игра на завршниот турнир, туку и се предводува дека ќе го освои бронзениот медал.

Вардар има голем напредок од претходното рангирање, бидејќи пред десетина дена триумфираше во СЕХА лигата, и тоа во конкуренција на четири тимови што сезонава играа во ТОП 16 фазата, а Веспрем е исто така учесник во четвртфиналето на ЛШ.

- Четврта среќа? Најмалку што верува гордиот град Скопје е дека е доволно од четвртфиналиња. Досега четирипати стигнуваа до четврт-финале, но никогаш во Келн. Женскиот тим тоа веќе го постигна, но играчите на Раул Гонзалез мора да се сретнат но нивниот дух од минатото, со Флензбург кој го победи Вардар по неверојатен четвртфинален меч. Овој пат македонскиот тим е фаворит за пласман во Келн. Вардар победи во својата група, и го прескокна осминафиналето и имаа време да се подготват за Ф4 турнирот на СЕХА лигата, каде ја покажаа силата победувајќи го Веспрем. Тие имаат тенденција да потфрлат во важни натпревари, но ова е најсилниот Вардар досега, се вели во објаснувањето на ЕХФ при правењето на ова рангирање.

Ранг листата на тимови со шанси за освојување на ЛШ според ЕХФ:

1. Барселона
2. ПСЖ
3. Вардар
4. Веспрем
5. Флезбург
6. ПИК Сегед
7. Монпелје
8. Кил

На 22 април (в сабота) Вардар гостува во Германија кај Флензбург на првиот четвртфинален натпревар од ЛШ. зс/08:39

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Метеоролог „оддуван“ во живо (видео)

Во Ирска, презентерот на временската прогноза Дере...

Природна ванила се помалку, за еден килограм сладолед 500 евра

Цената на природниот сладолед од ванила во изминат...

НАСА ја демантира Гвинет Палтроу

Актерката Гвинет Палтроу е сопственичка на Интерне...

Сиена Милер бара актерките да бидат повеќе платени од нивните машки колеги

Холивудската актерка Сиена Милер се осврна на родо...

Принцот Хари сакал да се повлече од британското кралско семејство

Британскиот принц Хари, помладиот син на престолон...