• A-
  • A
  • A+
сабота, 24 февруари 2018, 

Еурофарм Работник го доби битолското ракометно дерби против Пелистер

Еурофарм Работник го доби битолското ракометно дерби против Пелистер

Битола, 19 април 2017 (МИА) – Ракометарите на Еурофарм Работник го добија битолското дерби против Пелистер.

Во последниот натпревар од 4.коло на Плејоф лигата, кој се одигра попладнево во Битола, Еурофарм Работник го совлада градскиот ривал Пелистер со 26-25, полувреме 11-11.

Серхио Барош со 7 гола беше најефикасен кај Еурофарм Работник, а Чурлевски и Крстевски постигнаа по 4 гола. Кај Пелистер се издвоија Богдан Николиќ со 7 и Васко Димитровски со 5 гола.

За ракометарите на Еурофарм Работник ова е втора победа во плејофот, додека Пелистер го претрпе третиот пораз.

На претходно одиграните натпревари од ова коло гостински победи остварија фаворитите Металург и Вардар.

Металурзите славеа во Велес против Борец со 35-32, додека Вардар убедливо го победи Охрид со 35-23.

По бодови води Металург со 12 бодови, следат Вардар 9, Еурофарм Работник 6, Охрид 6, Пелистер 3 и Борец 0. ит/вг/20:58

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Ако сакаат „да го освојат светот“, француските ученици треба да учат англиски

Франција ќе преземе чекори за да се подобри знаење...

Кинези завршија во затвор поради јапонски униформи

Кинеските власти казнија со затворска казна од 15 ...

Само еден твит на Кајли Џенер ја урна вредноста на „Снепчет“

Само еден твит на ријалити ѕвездата Кајли Џенер за...

Стивен Фрај боледува од рак на простата

Познатиот британски актер Стивен Фрај објави дека ...

Во Британија продаден чајник за 650 илјади евра

Колекционер од Велика Британија на аукција продаде...