• A-
  • A
  • A+
вторник, 12 декември 2017, 

Ѓорческа експресно до второто коло на турнирот во Кијасо

Ѓорческа експресно до второто коло на турнирот во Кијасо

Кијасо, 19 април 2017 (МИА) - Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа експресно го мина првото коло на Фјучр турнирот во Кијасо, Швајцарија, кој се игра за награден фонд од 25 илјади американски долари.

Ѓорческа, која е четврта носителка на овој турнир, во два сета ја совлада Кристина Дину препуштајќи и на Романката само три гема, односно првиот сет Ѓорческа го доби со 6:3, а вториот без загубен гејм 6:0.
 
Во второто коло Ѓорческа за противник ќе ја има домашната тенисерка Кијара Грим.
 
Инаку, Ѓорческа заедно со Александра Најденова од Бугарија настапуваат и во конкуренција на двојки и тоа како први носителки во четврт-финалето ќе играат против Швајцарките Ин-Албон и Кенкел.  ит/вг/20:06

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Затвореник им се предаде на властите по 20 години минати во бегство

Затвореникот Гасан Салех (66), кој пред 20 години ...

Писториус повреден во затворска тепачка

Некогашниот параолимпиец Оскар Писториус е повреде...

Почина американски војник кој пијан дезертираше во Северна Кореја

Американски војник, кој пред повеќе од половина ве...

Егзибиционист од Кина ја сними својата смрт

Кинезот Ву Јонгнинг (26), кој важеше за Јутуб ѕвез...

Објавени номинациите за Златен глобус

Во Лос Анџелес синоќа беа објавени номинациите за ...