• A-
  • A
  • A+

вторник, 25 април 2017, 

Прекин на мечот Шкендија – Вардар

Прекин на мечот Шкендија – Вардар

Тетово, 19 април 2017 (МИА) – Реванш натпреварот од полуфиналето во фудбалскиот Куп на Македонија меѓу Шкендија и Вардар е прекинат.
 
До прекин на мечот дојде во 30-тата минута од средбата, кога по еден груб прекршок на Фелипе, капитените на двата тима Грнчаров и Хасани влегоа во вербална, а потоа и физичка пресметка, па главниот судијата Александар Страврев на двајцата им покажа црвен картон. 
 
Публиката почна со навредливо скандирање, а додека Грнчаров го напушташе теренот кон него летнаа предмети. Веднаш потоа, фудбалерите на Вардар се повлекоа и во соблекувалната, затоа што од трибините навивачи се обиделе да влезат на терен.
 
Инаку актуелниот бранител на трофејот Шкендија има голема предност од првиот меч одигран во Скопје каде тетовската екипа забележа победа со 3:1. 
 
На вториот меч од полуфиналето во Битола, меѓу Пелистер и Брегалница резултатот по првото полувреме е 0:0. Првиот дуел во Штим заврши со резултат 2:2. ит/скс/17:28

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ