• A-
  • A
  • A+

понеделник, 26 јуни 2017, 

Самсоненко: Ако има судиска неправда ќе се повлечам од првиот тим

Самсоненко: Ако има судиска неправда ќе се повлечам од првиот тим

Скопје, 19 април 2017 (МИА) - Претседателот на РК Вардар, Сергеј Самсоненко, на денешната прес-конференција во пресрет на четвртфиналниот дуел од Лигата на шампионите в сабота со Флензбург, рече дека во случај лошо судење ќе се повлече од првиот тим.

Од ЕХФ на првиот натпревар се делегирани судиите од Словенија Крстиќ и Љубиќ, а реваншот во Скопје ќе го судат Данците Гјединг и Хансен, на чија арбитража „вардарци“ реагираа по ланскиот дуел во Скопје против Барселона. Токму ова делегирање беше причина за таквата реакција на сопственикот на клубот.

- Не ми е јасно зошто ни ги ставија„нашите пријатели“ од Данска кои ни судеа против Барселона. Но, така одлучила ЕХФ и ние тоа треба да го почитуваме. Мислам дека нема да се повтори тоа што се случи пред три години. Ако се повтори истата ситуација со нашиот клуб јас ќе се повлечам од ракометот. Немам сила повеќе да се борам. Но, ќе останам во Вардар и ќе ги поддржувам младинските школи, но да инвестираме по седум милиони евра годишно во ракометните клубови и да имаме вакви работи што можат да се случат, тоа не можам повеќе. Сакам да ја повикам целата нација, сите Македонци да имаме поддршка од целата нација и во Флензбург и овде, истакна Самсоненко.

Тој изрази голема благодарност до претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, на генералниот секретар Филип Милошевски и на Господинот Михајло Михајловски, претседателот на СЕХА, што најдоа време да дојдат на прес-конференцијата и да дадат поддршка на македонскиот шампион. зс/15:01

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Метеоролог „оддуван“ во живо (видео)

Во Ирска, презентерот на временската прогноза Дере...

Природна ванила се помалку, за еден килограм сладолед 500 евра

Цената на природниот сладолед од ванила во изминат...

НАСА ја демантира Гвинет Палтроу

Актерката Гвинет Палтроу е сопственичка на Интерне...

Сиена Милер бара актерките да бидат повеќе платени од нивните машки колеги

Холивудската актерка Сиена Милер се осврна на родо...

Принцот Хари сакал да се повлече од британското кралско семејство

Британскиот принц Хари, помладиот син на престолон...