• A-
  • A
  • A+
сабота, 24 февруари 2018, 

Проектот „Спортот и семејните вредности” промовиран во Берово

Проектот „Спортот и семејните вредности” промовиран во Берово

Берово, 19 април 2017 (МИА) - По Скопје, Прилеп, Штип, Василево, Кочани, Кратово и Македонски Брод, Берово е осмата општина во која помина Караванот на АМС и Сојузот на спортски федерации на Македонија за промоција на проектот „Спортот и семејните вредности”. Основната намена на проектот е да се промовира спортот преку семејните вредности и да се стимулираат граѓаните преку спортот и спортските активности, да се дружат повеќе меѓусебно и да се зајакнат врските во семејството. 

Спортската сала во Берово „Македонски бранители", што ја изгради АМС беше премала да ги собере дечињата, кои заедно со нивните родители другаруваа и се натпреваруваа во штафета, балансирање со топка, „Здрвен дедо”, игра на прецизност, ракомет, фудбал и други забавни игри. Настанот го отвори директорот на АМС, Марјан Спасески кој изрази задоволство од масовноста и од подготвеноста на посетителите да спортуваат и низ заедничка дружба да ги промовираат спортските принципи.
 
- Она што е многу битно во овој динамичен начин на живот каде најчеста појава е отуѓеноста во самите семејства еден од најдобрите настани кои можеме да ги приуштиме е спортот и дружбата. Верувам дека со реализацијата на овој проект ќе ја постигнеме целта, а истовремено младите луѓе ќе ги стимулираме да се занимаваат со спорт и спортски активности. Денеска нема да има победници и победени, денес ќе победи дружбата, рече директорот на АМС, Марјан Спасески.
 
На промоцијата присуствуваше и градоначалникот на Пехчево, Игор Поповски, кој се заблагодари на Агенцијата за млади и спорт за реализација на овој благороден проект, со кој како што рече ќе се придонесе за создавање на стабилни и силни врски помеѓу родителите и децата. Спортот ја имаа таа моќ, да ги зближува луѓето и ваквите проекти се добредојдени секогаш.
 
Овој настан ќе продолжи да се имплементира и во останатите општини.дт/

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Ако сакаат „да го освојат светот“, француските ученици треба да учат англиски

Франција ќе преземе чекори за да се подобри знаење...

Кинези завршија во затвор поради јапонски униформи

Кинеските власти казнија со затворска казна од 15 ...

Само еден твит на Кајли Џенер ја урна вредноста на „Снепчет“

Само еден твит на ријалити ѕвездата Кајли Џенер за...

Стивен Фрај боледува од рак на простата

Познатиот британски актер Стивен Фрај објави дека ...

Во Британија продаден чајник за 650 илјади евра

Колекционер од Велика Британија на аукција продаде...