• A-
  • A
  • A+
понеделник, 16 октомври 2017, 

Носителот на бронзениот медал од ЕП Георгиевски на прием кај градоначалникот Латиновски

Носителот на бронзениот медал од ЕП Георгиевски на прием кај градоначалникот Латиновски

Скопје, 19 април 2017 (МИА) - Градоначалникот на општина Бутел, Петре Латиновски денеска го прими младиот таеквондо спортист, Дејан Георгиевски кој на последното Европско првенство во Софија, Бугарија го освои третото место и бронзениот медал.

За освоениот медал Георгиевски доби честитки од гарадоначалникот Латиновски, но и заради тоа што Дејан потекнува од општина Бутел и е член на таеквондо клубот Бутел.

Честитки за историскиот прв медал за Македонија на едно ЕП, доби и основачот и тренер на таеквондо клубот Бутел и селектор на македонскиот тим, Дарко Костовски.

Освен благодарницата, 17-годишниот Дејан Гергиевски ќе добие и соодветна еднократна финансиска награда што ќе му биде добредојдена за подготовките на претстојното светско првенство во Кореја.

Инаку, Дејан очекувал да освои злато, но повредата на  стапалото го спречила во тоа. Сега останува ногата која е во лонгета и видно отечена брзо да заздрави, зашто го очекуваат две големи натпреварувања и нова шанса за поголеми успеси.

Селекторот на македонската репрезентација во  таеквондо, Дарко Костовски, му се заблагодари на градоначалникот Латиновски за несебичната поддршка во развојот на таеквондо спортот во општина Бутел и изрази надеж дека нашите спортисти нема да ги гледаме само на Европските и Светските првенства, туку се големи шансите да биде обезбеден пласман и на претстојните олимписки игри во Токио. зс/13:48

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ