• A-
  • A
  • A+

понеделник, 26 јуни 2017, 

Влезниците за кошаркарското дерби МЗТ Скопје – Работнички по цена од 100 денари

Влезниците за кошаркарското дерби МЗТ Скопје – Работнички по цена од 100 денари

Скопје, 20 март 2017 (МИА) – Големото градско, но и македонско кошаркарско дерби меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Работнички ќе се игра во сабота, а влезниците за овој натпревар се продаваат по цена од 100 денари.

Актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром ќе биде домаќин на првото овосезонско „вечно“ дерби, кое ќе се игра во рамките од 3.коло на Супер лигата, дуел во кој аеродромци ќе влезат со две победи, наспроти половичниот ефект (по една победа и пораз) на тимот од „Градски парк“.

Билетите за овој секогаш суперинтересен натпревар се веќе во продажба и тоа по цена од 100 денари, а ќе може да се купат на билетарницата при спортскиот центар „Јане Сандански“, како и онлајн преку интернет-страницата http://ticketplus.mk/.

Почетокот на натпреварот меѓу МЗТ Скопје и Работнички кој ќе се игра в сабота (25 март) е закажан за 18 часот. ит/20:19

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Принцот Хари сакал да се повлече од британското кралско семејство

Британскиот принц Хари, помладиот син на престолон...

Жена без заби, коса и пори хит во модната индустрија

Првите странци кои допатуваа во Франција, без виза...

Мараја Кери повторно се избламира

Позната по лежерното и провокативно облекување пеј...

Еден од најчудните рекорди

Џеф Рејц во четвртокот го посети Дизниленд Ризорт ...

Качер: Деми ми забрани дружење со нејзините ќерки

Познатата актерска двојка Деми Мур (54) и Ештон Ка...