• A-
  • A
  • A+
среда, 13 декември 2017, 

ФФМ организира дружење со младата фудбалска репрезентација на Македонија

ФФМ организира дружење со младата фудбалска репрезентација на Македонија

Скопје, 19 март 2017 (МИА) - Фудбалската федерација на Македонија денеска од 14 до 15 часот, организира отворен ден за дружење со македонската фудбалска репрезентација до 21 година на теренот во комплексот „Петар Милошевски“.

Сите љубители на фудбалот, оние кои искрено го сакаат и кои имаат желба да се запознаат со младите херои кои ја однесоа Македонија на Европското првенство во Полска се добродојдени на терените во „Куќа на фудбалот“ и ќе можат да се запознаат, да се фотографиираат со фудбалерите, да разменат по некоја фудбалска „финта” и секако да ја почувствуваат позитивната енергија која ја имаат овие наши млади фудбалери, а веќе големи професионалци и изградени личности. Децата ќе можат да се дружат со своите идоли, а сите други да им оддадат признание за најголемиот успех на македонскиот фудбал во неговата историја и да им посакаат успех и во Полска.

- Фудбалот е најпопуларниот спорт во Македонија, кој бара посветеност, напорна работа, позитивна енергија за фер натпревар, отвореност, взаемно почитување и тимска работа. Токму овие вредности и добрата отмосфера во тимот, ни овозможија да создадеме една синергија и вплотеност невидена досега во нашиот фудбал. Овие млади момци покажаа карактер, истрајност и ги заслужуваат сите почести. Она што го направија никогаш нема да биде заборавено. Но еуфоријата и признанијата ветуваме дека ќе бидат дополнителен мотив, и дека нема да престанеме и понатаму напорно да работиме. И во Полска ќе одиме на победи, и се надеваме дека повторно ќе ги стоплиме срцата на сите луѓе во оваа наша убава земја, изјави Благоја Милевски селектор на репрезентација на Македонија, повикувајќи што поголем број на граѓани да дојдат в недела и да ја почувствуваме енергијата на сплотеност и заедништво. ит/сст/12:14

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хафингтон пост“ објави листа на 18 најдобри филмови во 2017 година

Американскиот весник „Хафингтон пост“ објави листа...

Затвореник им се предаде на властите по 20 години минати во бегство

Затвореникот Гасан Салех (66), кој пред 20 години ...

Писториус повреден во затворска тепачка

Некогашниот параолимпиец Оскар Писториус е повреде...

Почина американски војник кој пијан дезертираше во Северна Кореја

Американски војник, кој пред повеќе од половина ве...

Егзибиционист од Кина ја сними својата смрт

Кинезот Ву Јонгнинг (26), кој важеше за Јутуб ѕвез...