• A-
  • A
  • A+

среда, 16 август 2017, 

Очекувани победи на ракометарите на Охрид и Пелистер

Очекувани победи на ракометарите на Охрид и Пелистер

Скопје, 19 март 2017 (МИА) – Двете водечки екипи во Првата машка ракометна лига на Македонија, Охрид и Пелистер забележаа очекувани победи. 
 
Лидерот на табелата Охрид пред својата публика го совлада Пролет со 34-22, додека битолски Пелистер славеше на гостувањето во Автокоманда против Металург-2 и тоа со 35-24. 
 
Во третиот меч од ова 17-то претпоследно коло во прволигашката конкуренција, ГРК Борец – Прилеп 41-39.
 
Денеска ќе се игра натпреварот меѓу Работнички – Радовиш, а колото ќе биде комплетирано во понеделник со средбата меѓу Вардар Јуниор и Еурофарм Работник. 
 
Табела: Охрид 40 бодови, Пелистер 40, Еурофарм Работник 34, Борец 29, Прилеп 23, Радовиш 22, Пролет 22, Металург-2  18, Вардар Јуниор 14 и Работнички 0. ит/сст/09:17

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ