• A-
  • A
  • A+

понеделник, 26 јуни 2017, 

Младите македонски ракометарки на чекор до Европското првенство

Младите македонски ракометарки на чекор до Европското првенство

Скопје, 19 март 2017 (МИА) – Младата женска ракоментна репрезентација на Македонија (до 19 години) се на чекор до пласман на Европското првенство што годинава ќе се одржи во Словенија. 
 
Со синоќешниот триумф над Молдавија со 44-25, а во рамките од првата квалификациска група чии средби се играат во СРЦ „Кале“ во Скопје избраничките на селекторот Борче Марковски се многу блиску до освојување на второто место кое води на ЕП во Словенија. 
 
Убедливиот пораз на ракометарките на Фарските Острови од Унгарија со 41-16, ја искачи Македонија на втората позиција со ист број бодови (2) како и Фарските Острови, но подобра гол разлика (Македонија +4, Фарски Острови -7). 
 
Така, во вечерашниот меч со Фарските Острови на нашите јуниорки им одговара и нерешен резултат, но сигурно дека црвено-жолтите ќе дадат се од себе да остварат и победа со која ќе го потврдат второто место. 
 
Ракомет млади репрезентација жени
 
Натпреврот Македонија – Фарски Острови ќе се игра во терминот од 19 часот и 30 минути, а од таборот на нашата млада селекција ја повикуваат побликата да им даде поддршка во обидот да се оствари пласман на континенталното првенство во Словенија. ит/сст/09:11

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Принцот Хари сакал да се повлече од британското кралско семејство

Британскиот принц Хари, помладиот син на престолон...

Жена без заби, коса и пори хит во модната индустрија

Првите странци кои допатуваа во Франција, без виза...

Мараја Кери повторно се избламира

Позната по лежерното и провокативно облекување пеј...

Еден од најчудните рекорди

Џеф Рејц во четвртокот го посети Дизниленд Ризорт ...

Качер: Деми ми забрани дружење со нејзините ќерки

Познатата актерска двојка Деми Мур (54) и Ештон Ка...