• A-
  • A
  • A+

среда, 16 август 2017, 

МЗТ Скопје го победи Кожув во дуел од Супер лигата

МЗТ Скопје го победи Кожув во дуел од Супер лигата

Гевгелија, 18 март 2017 (МИА) - Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром забележаа победа против Кожув во воведниот натпревар од 2. коло на Супер лига. 
 
На средбата одиграна вечерва во Гевгелија, актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром славеше победа над Кожув со 77:71 по четвртини 17-25, 21-16, 22-14 и 17-16.
 
По 20 поени за МЗТ Скопје постигнаа Ксавиер Теимс и Јуре Лалиќ кој придодаде и 8 скокови, додека поен помалку (19) имаше Ѓорѓе Дреновац. 
 
Кај домашниот тим најзабележителен играч беше Американецот, Кениот МекНил кој постигна 19 поени, а имаша и по четири асистенции и скокови. 
 
За МЗТ Скопје ова беше втора победа во Супер лигата, а за Кожув втор пораз. 
 
Утре на програмата се другите два натпревара. 
 
Во Кавадарци од 17 часот ќе започне мечот меѓу Фени Индустри и Карпош Соколи, дуел кој практично е реприза на финалето во Купот на Македонија. 
 
Во салата „Градски парк“ во Скопје, од 18 часот е закажан почетокот на дуелот меѓу  Работнички и Куманово. 
 
Во борбата за опстанок, односно Плеј-аут лигата, попладнево се одиграат двата натпревара. АВ Охрид ја победи Струмица со 81:77, додека Вардар не успеја да ја оствари првата победа сезонава и загуби од Пелистер со 81:85 по продолжение откако регуларниот дел заврши нерешено 66:66. 
 
На табелата во оваа конкуренција АВ Охрид има 22 бодови, еден повеќе од Струмица и Пелистер, додека последно пласираниот Вардар има 15 бодови. ит/вг/20:58

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ