• A-
  • A
  • A+

петок, 28 април 2017, 

Нов пораз на македонските ракометарки од Србија

Нов пораз на македонските ракометарки од Србија

Скопје, 18 март 2017 (МИА) –  Женската ракометна репрезентација на Македонија по втор пат е совладана од Србија во контролен пријателски натпревар. 
 
Во рамките на „неделата на ЕХФ“, која се користи за контролни натпревари избраничките на Симе Симовски двапати се поразени од соодветната селекција на Србија. Откако вчера загубија со 35:29, денеска црвено-жолтите се поразени со 27:43 во натпреварот кој се одигра во СЦ „Јане Сандански“.
 
Овие две средби треба да послужат за проверка на формата на нашата репрезентација пред бараж средбите со Шведска кои ќе се одиграат во јуни, а за пласман на Светското првенство во Германија. 
 
Вечерва, пак, младата селекција на Македонија до 19 години ќе го одигра вториот натпревар во квалификациите за ЕП во Словенија. Во терминот од 19 часот и 30 минути во СРЦ „Кале“ во Скопје, младите македонски ракометарки ќе играат против Молдавија. ит/вг/17:52

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Ирец шета по светот и заработува од тоа

Џони Вард (33) е Ирец кој го обиколува светот и за...

Го убил својот пријател оти ја платил сметката во ресторан

Идрис Алакуш од Истанбул го застрелал својот прија...

Сопружници починале на ист ден, по 77 години брак

Џојс и Френк Дод, кои биле во брак скоро осум десе...

Австралиски Нордстром продава валкани фармерки за 390 евра

Австралиската компанија Нордстром беше прозвана на...

Колекцијата на Иванка Трамп се продава под друго име и со попуст

Откако голем број трговски синџири одлучи да ја ис...