• A-
  • A
  • A+

петок, 28 април 2017, 

Втора рунда во кошаркарската Супер лига на Македонија

Втора рунда во кошаркарската Супер лига на Македонија

Скопје, 18 март 2017 (МИА) – Во македонската кошаркарска Супер лига денеска и утре ќе се играат натпреварите од второто коло.

Во Гевгелија вечерва од 19 часот ќе се одигра првиот натпревар во кој кошаркарите на Кожув ќе го пречекаат актуелниот македонски шампион МЗТ Скопје Аеродром.

Утре на програмата се другите два натпревара.

Во Кавадарци од 17 часот ќе започне мечот меѓу Фени Индустри и Карпош Соколи, дуел кој практично е реприза на финалето во Купот на Македонија.

Во салата „Градски парк“ во Скопје од 18 часот е закажан почетокот на дуелот меѓу Работнички и Куманово.

Во борбата за опстанок, односно Плеј-аут лигата, попладнево ќе се одиграат двата натпревара. Од 17 часот ќе почне натпреварот меѓу АВ Охрид и Струмица, а од 18:30 часот ќе се игра средбата Вардар – Пелистер.

На табелата во оваа конкуренција АВ Охрид и Струмица имаат по 20, Пелистер 19, а Вардар 15 бодови. ит/14:54

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Ирец шета по светот и заработува од тоа

Џони Вард (33) е Ирец кој го обиколува светот и за...

Го убил својот пријател оти ја платил сметката во ресторан

Идрис Алакуш од Истанбул го застрелал својот прија...

Сопружници починале на ист ден, по 77 години брак

Џојс и Френк Дод, кои биле во брак скоро осум десе...

Австралиски Нордстром продава валкани фармерки за 390 евра

Австралиската компанија Нордстром беше прозвана на...

Колекцијата на Иванка Трамп се продава под друго име и со попуст

Откако голем број трговски синџири одлучи да ја ис...