• A-
  • A
  • A+

петок, 28 април 2017, 

Трофејот на УЕФА Супер Купот денеска ќе биде изложен пред ФФМ

Трофејот на УЕФА Супер Купот денеска ќе биде изложен пред ФФМ

Скопје, 18 март 2017 (МИА) - Трофејот наменет за победникот во УЕФА Супер Купот кој годинава ќе се игра на националната арена „Филип Втори“ во Скопје, а за кој ќе се борат освојувачите на Лигата на шампионите и Лига Европа, денеска љубителите на фудбалот во нашата земја ќе имаат можност да го видат во живо.

Од 9 до 18 часот на платото пред Куќата на фудбалот во Скопје ќе биде изложен трофејот на специјално брендирана поставка и ангажиран официјален фотограф за фотографирање на присутните љубители на фудбалот, децата и екипите учесници во Детската лига на ФФМ.

- Жителите на нашата држава ќе имаат можност да уживаат во уникатна авантура – „сите Македонци да бидат дел од срцето на настанот“ преку изложувањето на УЕФА СУПЕР КУП трофејот, вели Илчо Ѓорѓиоски, претседател на Фудбалската федерација на Македонија.

Натпревраот во УЕФА Супер Купот ќе се игра на 8 август 2017 година во Скопје. ит/09:18

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Ирец шета по светот и заработува од тоа

Џони Вард (33) е Ирец кој го обиколува светот и за...

Го убил својот пријател оти ја платил сметката во ресторан

Идрис Алакуш од Истанбул го застрелал својот прија...

Сопружници починале на ист ден, по 77 години брак

Џојс и Френк Дод, кои биле во брак скоро осум десе...

Австралиски Нордстром продава валкани фармерки за 390 евра

Австралиската компанија Нордстром беше прозвана на...

Колекцијата на Иванка Трамп се продава под друго име и со попуст

Откако голем број трговски синџири одлучи да ја ис...