• A-
  • A
  • A+
понеделник, 11 декември 2017, 

Каратистите на Макпетрол ги завршија еднонеделните подготовки во Маврово

Каратистите на Макпетрол ги завршија еднонеделните подготовки во Маврово

Скопје, 11 јануари 2017(МИА) - Каратистите од клубот Макпетрол ги завршија еднонеделните подготовки кои се реализираа во Маврово.

Тренерот Бошко Заборски изјави дека овој собир има голема важноста за каратистите да останат во натпреварувачка форма.

- Моравме да се одлучиме на ваков чекор веднаш на почетокот на новата година, бидејќи не смеевме да дозволиме спортистите да се опуштат за време на празниците кои беа во овој временски период. Во овој момент ние сме поделени на два фронта, првично треба да ги подготвуваме нашите кадети, јуниори и постари јуниори за еден од најсилните европски турнири „Кроација Опен 2017“ планиран за периодот 13 -15 Јануари во Самобор.  По календарот на КФМ, овој турнир е изборен и квалификациски за состав на кадетско-јуниорската репрезентација, која треба да настапи на претстојното европско првенство, кое треба да се одржи во втората недела на месец фебруари во Софија, Бугарија. 

За сениорите пак подготовките имаа исто така голема важност, бидејќи не очекува Државното сениорско првенство кое е закажано да се одржи во првата недела на месец март и потоа следи Балканското првенство за сениорите како и  настап на Премиер карате лига во Холандија, Ротердам, истакна Заборски.

Тој додаде дека веднаш по завршување на турнирот во Хрватска, ќе се реализира и вториот дел од зимските подготовки.

- Макпетрол секоја година посветува големо внимание на подготвеноста на своите спортисти и затоа е најтрофеен Македонски карате клуб. Се надеваме дека и во 2017 година ќе бележиме спортски успеси и ќе ја радуваме македонската спортска јавност со постигнување на врвни резултати, изјави тренерот на Макпетрол. зс/12:12

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.